понеделник, 27 юни 2022 г.

Оливер Глигоров гостува в Музата

 АРХАИЧНА НЕВЕСТА


Низ полни пустини

со светлини и белини, 

сакав да те земам

со мене,

сакав да те натерам

да уживаш покрај мојата сенка, 

која секогаш и беше

залепена до твоето убаво тело,

низ пустините наши да завладее

таа ублажена љубов,

каде со толку бакнежи

и толку искрени зборови, 

кои доаѓаат

од жарот на љубовта,

кои баш на тоа пустинско тло

ќе започнат да се градираат,

кон другите страни

на овој чуден свет,

затоа што она

што било доживеано

во најскоро време

ќе биде отскочна даска, 

врз која ќе се тркаламе

јас и ти,

јас и ти ќе му кажеме на времето

да ги одбере

најубавите мигови, 

што сме ги украле некогаш

кога сме биле вознесени

во чувството, 

кое било исправено

и само сме се судрувале

со него, 

чекајќи душите да запливат

во таа жешка страст, 

каде допирите биле меки, 

затоа што цело време

додека сме воделе љубов, 

димел здивот од нашите усни

и се создала нова епизода, 

која ќе треба да се повтори

од град до град,

од езеро до поле,

па до нашите врели пустини

каде уште еднаш

ќе ги повториме младите години,

уште еднаш ќе се затопли

женското тело, 

па тоа ќе ми подари спас

со кој ќе бдеам

во тие ноќни часови

над тебе љубов моја, 

додека ќе се дружиш

со волшебните стапки

на соновите,

па кога ќе се пробудиш

ќе те причека твоето засолниште,

а тоа е мојот лик

во кој ќе се засолниш,

ќе бидеш ненаситна

на моите навики

кои и во староста

ќе те заробат,

па засекогаш ќе ме љубиш,

ќе бидеш мојата архаична невеста...


       ♦️♦️♦️♦️♦️


ПОСЕАНА СИЛА


Кога поминуваш

покрај моите живи стапки, 

знам дека утредента

ќе те пречекам

и ќе морам да ти покажам

колку гори срцево за тебе,

од секоја страна

ќе се појавува бура, 

со која ќе се размрдат

сите останати чувства, 

што ќе се претворат

во бајка,

која ќе ја прелиста

моќта на сонцето

и неговите топли зраци,

еден вид совршенство

каде прегратките

ќе се здружат, 

па со наредби

ќе не нападнат, 

во деловите каде ќе се создаде

шема за од каде

да се започне тој крик, 

што ќе ги соедини

нашите жедни души, 

за една смирена љубов

каде се ќе се процвета насекаде,

дури и оние суви грани

ќе испуштат свежа боја, 

затоа што од самата таа енергија

што ќе се издвои

се околу нас ќе ни биде

како во рајските,

виолетови градини, 

таму каде само нежен здив

го расположува тоа небесно срце, 

кое со трпение создава удари

и наеднаш ги испушта на надоле

во мапата каде се шеткаме, 

така е тоа наше видување

околу таа љубов

што помегу нас е навлезена,

толку бистра,

а слатка што наоѓа место

да се сокрие онаму, 

каде претат воздишки

и се упатуваат дирекно

во нашите кревки погледи,

па продолжуваат да крадат

сјај од сета таа ѕвездена черга,

што ни е пред нас,

а ние сакаме да ја достигнеме

за да ја пренесеме до она место, 

каде во жешките денови

ќе не оладува огромната сенка,

па стопени од влажноста на бакнежите

ќе ни одговара тој ѕвезден сјај,

па во средината на ноќта

ќе прославиме

затоа што имаме во нас

посеана сила, 

без која неможеме да се движиме...


снимка: Деси Цветкова








Няма коментари:

Публикуване на коментар

The Muse with You - magazine for poetry and art. * Списание за поезия и арт.

Две плачещи върби - Деси Цветкова