Ќе останат вечни времињата
кога со нешто ќе се паметат,
љубовта и добрината
во дворовите на душата,
кога ќе нема
никој на површината,
со едно лесно издишување
ќе преминеме во поинаков свет.
Сите воздишки
во пролетта и летото
ќе пловат постепено,
како лебеди во езеро,
ние ќе ја прифатиме реалноста
која нема да смета,
ќе бидеме цврсти
кога ќе не изненадат времињата.
Дајте ни вистина
која не ќе не заболува,
која не ќе штрчи
во погледот кон иднината,
каде ќе сме закачени
со крилјата на времињата,
кои малку се сега оддалечени,
но ќе дојде миг
кога секое лошо,
ќе биде претворено во добро...
Няма коментари:
Публикуване на коментар